Ракомет
Парондо: Би сакал да ѝ честитам на Македонија која се приклучи на турнирот
Поранешниот тренер на Вардар, Роберто Парондо, ќе ја предводи репрезентацијата на Египет на Светското првенство (СП) во ракомет.
Парондо има убави спомени со Вардар, имаше одличен успех и ја освои на Лигата на шампиони
Парондо испрати честитка до Македонија за поканата да настапи на СП.
„Би сакал да ѝ честитам на Македонија која се приклучи на турнирот, но во исто време жал ми е поради Чешка. Оваа ситуација ме вознемири затоа што долго време се подготвувавме за Чесите, но во секој случај среќен сум поради Македонија, имам убави спомени од таму“, изјави Парондо.
Македонската репрезентација в сабота ќе се соочи со Египет од 18:30 часот.