Connect with us

Кошарка

Партизан донесе засилување од НБА лигата, со него доаѓа и убавицата, цел Белград зборува за неа (ФОТО)

Поранешниот кошаркар на Шарлот, Феникс, Атланта и Хјустон, Френк Камински  потпиша едногодишен договор со белградски Партизан.

Поранешниот студент на Универзитетот во Висконсин беше на мета на Партизан, а потоа стигна и официјална потврда дека ова момче доаѓа како големо засилување за следната сезона. Да потсетиме дека во текот на својата НБА кариера играше за Шарлот, Феникс, Атланта и Хјустон. Во тој период Камински имаше просек од 2,5 поени и 1,4 скока по натпревар. По одличната колеџ кариера во Висконсин, Камински беше избран од Шарлот Хорнетс како деветти пик на драфтот во 2015 година, а по четири години минати во Северна Каролина, во 2019 година се пресели во Феникс Санс, каде остана во следните три сезони. Потоа ги облече и дресовите на Атланта Хокс и Хјустон. А, со Камински доаѓа и неговата преубава сопруга, со која од неодамна се во брак,  американската новинарка, водителка и ТВ лице Ешли Камински (31)! Една од најатрактивните спортски новинарки во САД неодамна се омажи за кошаркарот со српско потекло, а судејќи по коментарите кои ги остава на Инстаграм, многу е возбудена поради доаѓањето на Френк во Европа. Ова ја отвора можноста Ешли да се пресели во Белград , што особено би ги израдувало навивачите кои би можеле да ја гледаат на натпреварите на нејзиниот сакан клуб. Погледнете како изгледа Ешли: