Connect with us

Фудбал

Пасторе се сели во Интер

Хавиер Пасторе ќе биде нов член на калочигашот Интер тврди италијанскиот весник „Газета дело Спорт“.

Според весникот, веќе е постигнат договор меѓу Интер и Париз Сен Жермен за премин на Пасторе во Милано.

Пасторе кој во 2011 година мина од Палермо во ПСЖ за 43 милиони евра, е незадоволен од статусот кој го има во тимот од Париз, па сака да се врати во Италија.

Во прилог оди и изјавата на тренерот на „неро-аѕурите“ Лучијано Спалети кој смета дека на Интер во моментов му е потребен уште еден играч од средниот ред.

„Газета дело Спорт“ открива дека во трансферот е вклучен и Жоао Марио кој би заминал во спротивен правец во Париз, а кој пак не е во плановите на тренерот Спалети.