Други спортови
Павлов преку светски и европски првак до финале во Москва, за злато против Турчинот Самадан
Македонскиот каратист Емил Павлов обезбеди пласман во финалето во Премиер лига-Москва 2019. На овој турнир учествуваат 642 каратисти од 85 земји.
На патот до финалето, иако со сериозна повреда, Емил Павлов во својата категорија (- 60 килограми), во рамките на WKF Премиер лигата во Москва, победи пет каратисти меѓу кои и светските и европски прваци Калвис Калинис (Латвија) и Анџело Крешченцо (Италија).
Емил Павлов – Ласло Андраш (Унгарија) 4-1
Емил Павлов – Матијас Гомез (Шпанија) 6-0
Емил Павлов – Калвис Калинис (Латвија) 5-3
Емил Павлов – Даглас Бросе (Бразил) 2-0
Емил Павлов – Анџело Крешченцо (Италија) 1-0
Во финалето Павлов ќе се сретне со Турчинот Ерај Самдан, а борбата е закажана за утре (недела, почеток во 13:50 часот).

На премиер лигите учествуваат најдобрите светски каратисти во борба за што повисоко место на ранг листата на Светската карате федерација (WKF), што е предуслов во борба за реализација на олимписка норма за учество на Олимписките игри во Токио 2020 година.