Connect with us

Тајмаут

Пази трофејот девојко, за малку да „пукне“ голем срам (ВИДЕО)

На Сан Сиро чекаа 11 години Милан да го освои новото Скудето и конечно успеаја да ја остварат целта, иако тоа никој не го предвидуваше пред почетокот на сезоната.

Милан вчера го победи Сасуоло со 3-0 на гостински терен, обезбедувајќи ја италијанската титула пред полниот стадион Мапеи со преку 20.000 гостински навивачи на клубот.

На фудбалерите на Милан на крајот од натпреварот им беше врачен трофеј, но се можеше да тргне наопаку поради девојката која го носеше трофејот.

Имено, камерите го снимиле моментот кога девојката го носела трофејот на теренот и кога излегла од тунелот удрила во транспарентот кој бил таму.

За среќа, таа избегна целосен срам и никој на стадионот не ни разбра што се случило. Сепак, камерите успеаја сето тоа да го снимат, а очекуваното видео стана хит на социјалните мрежи.