Фудбал
Пеле опериран од тумор, моментално е во болница
Легендата на светскиот фудбал Пеле соопшти дека во саботата бил на операција за отстранување на тумор на дебелото црево.
„Во саботата ми беше извршена операција за отстранување на тумор на дебелото црево. Тој беше откриен за време на рутинските тестови минатата недела. За среќа, можам да уживам во големи победи со вас“, потврди денес Пеле преку социјалните медиуми.
Според Ројтерс, Пеле веќе шест дена се наѓа во болница.