Connect with us

Фудбал

Пеле повторно е хоспитализиран

Трикратниот светски шампион со Бразил – Пеле, повторно е во болница. 81-годишниот поранешен фудбалер беше примен во медицинскиот центар Алберт Ајнштајн во Сао Паоло.

Оттаму побрзаа да уверат дека нема ништо загрижувачки за состојбата на Пеле и дека најверојатно ќе биде отпуштен за неколку дена.

Тој е во стабилна состојба“, се вели во соопштението.

Пеле беше примен во болница и опериран од тумор на дебелото црево во септември 2021 година. Интервенцијата беше успешна, но неколку дена по излегувањето тој повторно беше итно хоспитализиран поради респираторни проблеми.

Тогаш неговите роднини му рекле дека повторното примање во болница е повеќе превентивна мерка. По краткото лекување, тој се вратил дома и на социјалните мрежи им се заблагодарил на медицинските лица.

Пеле ќе продолжи со хемотерапијата на која се подложи поради отстранетиот тумор. Тој го прослави својот роденден на 23 октомври, а на социјалните мрежи сподели дека се чувствува „подобро и подобро“.