Поврзи се со нас

Ракомет

Пелистер во завршницата минимално поразен од Гудме

Екипата на Еурофарм Пелистер со пораз од 29-30 на гостувањето кај ГОГ Гудме, ја отвори сезоната во ракометната Европска лига.

Навистина драматичен и неизвесен натпревар одиграа двете екипи, а на крајот се радуваше домашната екипа, додека Пелистер има за што да жали бидејќи на пет минути до крајот имаа два гола предност. Сепак, Данците беа посмирени во финишот и на крајот славеа победа од 30:29.

Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Мандалиниќ со 11 и Кушан со осум гола, а кај ГОГ Гудме се истакна Јакобсен со девет гола.

loading...

Facebook