
Бекот на Вардар, Андреа Пенезиќ е избрана од страна на ЕХФ за една од трите ѕвезди на колото во Лигата на шампионите за ракометарки.
Вардар си обезбеди место во четврт-финалето на елитното натпреварување по саботниот триумф над Будуќност со 31-24 во Главната фаза на ЛШ.
На дуелот со црногорскиот шампион, Пенезиќ постигна осум голови. Покрај неа во најдобрите три ракометарки на колото се најдоа уште и Ксениа Смитс од Мец и Ана Седојкина од Ростов.
Во изборот на ЕХФ за ова коло место имаше и за голманот Амандин Лејно. Таа се најде меѓу Топ-5 одбранети топки на колото.
