Connect with us

Кошарка

Перо Антиќ: Сакам Србија да освои ЕП

Поранешниот кошаркар на Црвена звезда, а во моментов прв човек на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ даде свое видување за Евробаскетот и го истакна својот фаворит.
„Ми се допаѓа тоа што сите балкански земји играат со силни состави и покажуваат одлични партии. Сакам Србија да го освои златото, имаат квалитетен тим, тука се и Словенија и Грција. Добра кошарка игра и Литванија, и тие ќе бидат интересни. Но Србите треба да го освојат златото“, изјави Перо Антиќ во интервју за Мондо.