Ракомет
Пешевски: Да го поправиме впечатокот од настапот во Египет
„Натпреварот против Данска е можност да покажеме дека настапот на Светското првенство беше само една лоша епизода. Добро се подготвивме во овие неколку дена и во соочувањата со актуелниот светски и олимписки првак ќе се обидеме да играме најдобро што можеме и да го поправиме впечатокот од Египет”, истакна Жарко Пешевски.
Натпреварот против Данска се игра вечерва во А1 арената Борис Трајковски, а почетокот е закажан за 20 часот. Во вториот дуел од нашата група Финска ја пречекува Швајцарија и овој меч стартува од 17 часот.