Connect with us

Ракомет

Пешевски со еден гол, Томовски недоволен за победа на Лудвигсхафен над Мелсунген

Ракометарите на Лудвигсхафен продолжуваат со лошите игри. Македонскиот репрезентативец Мартин Томовски имаше девет одбрани на денешниот меч против Мелсунген во првата лига на Германија.

Лудвигсхафен остана на претпоследната позиција и има само девет бодови по 22 одиграни меча во ракометната Бундеслига.

Голманот Томовски запиша девет одбрани (две од седмерец), но тоа не беше доволно да се спречи поразот на неговиот Лудвигсхафен од Мелсунген (27:30).