Поврзи се со нас

Ракомет

Пет гола, Лазаров перфектен во новиот триумф на Нант

Нант запиша нова победа, а во листата на стрелци со пет гола се запишува и македонскиот ракометар Кирил Лазаров.

Гостинските ракометари целата работа ја завршија уште во првото полувреме, кога нападот на Нант функционираше беспрекорно, овој тим постигна 20 гола и стигна до двоцифрена предност (10-20). Потоа, на избраниците на тренерот Ентрериос во вториот дел им остана полесниот дел од задачата рутински да ја одржуваат позитивата, за лесна победа на ова гостување.

Лазаров доминираше од самиот старт на натпреварот и првото полувреме го доби со високи 20-10, по што беше јасно дека Шамбери нема што да бара во натпреварот.

loading...

Facebook