Connect with us

Ракомет

Пет гола на Лазаров во триумфот на Нант против Саран

Екипата на Нант ја постигна петтата победа во францускиот ракометен шампионат, откако пред своите гледачи го совладаа тимот на Саран со 31:29 (17:14) во натпревар од 9. коло.

Овој меч беше прво соочување на македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров со неговиот поранешен соиграч од Атлетико Мадрид, Чема Родригез. Лазаров мечот го заврши со пет погодоци.

Кај Нант се истакна Белегер со 4 гола, а уште неколку ракометари запишаа по три гола. Кај поразениот Саран најефикасни беа Акевило со 7 и Аиман со 4 гола.

Во недела во рамките на Лигата на шампионите, екипата на Лазаров го пречекува ППД Загреб.