SPORTM.mk
Петте тренери, кои потрошиле најмногу пари за играчи во историјата на фудбалот
Студија објавена од весникот „Сан“ открива кои тренери потрошиле најмногу пари за трансфери во историјата на фудбалот. Едвај има навивач да се изненади дека Жозе Мурињо е на прво место.
Специјалниот потрошил 1,4 милијарди фунти за нови играчи во текот на неговата кариера. Тој привлекол вкупно 97 фудбалери во неговите тимови.
Само тројца стручњаци направиле трансфери за над една милијарда фунти.
Интересно е што првите четири места ги окупираат тренери, кои во одреден момент биле на чело на Челзи или Манчестер Сити, а тројца во топ-5 биле на чело на Реал (Мадрид).
Еве ги и петте тренери, кои потрошиле најмногу пари за играчи во историјата на фудбалот:
1. Жозе Мурињо (Бенфика, Унијао Леирија, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед)
Потрошени 1,4 милијарди фунти за вкупно 97 играчи
* Најскап трансфер: 89 милиони фунти за Пол Погба од Јувентус во Манчестер Јунајтед
2. Карло Анчелоти (Реџина, Парма, Јувентус, Милан, Челзи, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн, Наполи)
Потрошени 1,11 милијарди фунти за вкупно 85 играчи
* Најскап трансфер: 86 милиони фунти за Герет Бејл од Тотенхем во Реал (Мадрид)
3. Пеп Гвардиола (Барселона, Баерн, Манчестер Сити)
Потрошени 1,03 милијарди фунти на вкупно 52 играчи
* Најскап трансфер: 62,5 милиони фунти за Родри од Атлетико (Мадрид) во Манчестер Сити
4. Мануел Пелегрини (Универсидад де Чиле, Палестино, О’ Хигинс, Универдидад Католика, ЛСУ Кито, Сан Лоренцо, Ривер Плата, Виљареал, Реал (Мадрид), Малага, Манчестер Сити, Хебеј чајна Форчун, Вест Хем
Потрошени 949,14 милиони фунти на вкупно 82 играчи
* Најскап трансфер: 80 милиони фунти за Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед во Реал (Мадрид)
5.Масимилијано Алегри (Алијанезе, СПАЛ, Гросето, Сасуоло, Каљари, Милан, Јувентус)
Потрошени 914 милиони фунти на вкупно 87 играчи
* Најскап трансфер: 98 милиони фунти за Кристијано Роналдо од Реал (Мадрид) во Јувентус