Connect with us

Ракомет

Петти пораз во низа за Вардар, но Вујовиќ не се откажува: Битката за плејофот не е завршена

Тренерот на македонскиот ракометен првак Вардар 1961, Веселин Вујовиќ, изрази разочараност по синоќешниот пораз (30-27) од ПИК Сегед, но истакна оти шансите на „црвено – црните“ за пласман во осминафиналето не се загубени.

За Вардар ова беше петти пораз во серија во рамки на групата А во Лигата на шампиони.

– Јас реков по првите неколку натпревари дека ќе дојдат и тешки денови и моето разочарување го делам со разочарувањето на навивачите кои со право не се задоволни. Нашата е цел да се пласираме во следната фаза, се надевам дека тоа ќе го оствариме. Ова за нас е тежок пораз, но не е завршена борбата, изјави Вујовиќ на прес конференцијата по натпреварот во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

Упати честитка до ПИК Сегед за победата, но, како што рече, е разочаран од начинот на кој неговите избраници го загубиле натпреварот.

– Многу лошо го отворивме мечот, напаѓачки не бевме ни блиску, правевме некои почетнички грешки и нивниот голман Миклер сето тоа го реши. Ривалите направија една убедлива разлика кои подоцна само ја одржуваа. Сите наши обиди да се поправиме не дадоа резултат. Немавме расположен играч, без оглед на сè знаеме која е силата на ПИК Сегед, тие се моментно подобра екипа од нас, додаде стратегот на Вардар.

По осмото коло, Монпеље води во групата А со 13 бодови, пред ПИК Сегед – 12, Кил – 11, Алборг-10, Елверум – 8, Вардар 1961 – 5, ППД Загреб -4, Мешков Брест – 1.

Ракометарите на „Вардар“ следните два натпревари ќе ги играат на гостински терен против Кил и Загреб, идниот месец.

 

Реклама

Facebook

Реклама