Ракомет
Петти пораз за Вардар, без решение во клучните мометни за одбраната на ПИК Сегед
Македонскиот ракометен првак Вардар го претрпе петтиот пораз во седмиот натпревар во Лигата на шампиони, откако со голем пад во играта во завршните минути загуби вечерва во Скопје од унгарски ПИК Сегед со 28:26 (13:15).
Мечот влезе во неизвесна завршница во која ракометарите на Вардар немаа решение како да ја пробијат одбраната на унгарскиот првак и на крајот го претрпеа четвртиот пораз во серија.
Тимур Дибиров и Ловро Јотиќ беа најефикасни во редовите на Вардар со по шест голови.
Вардар со ефект од една победа, пет порази и еден нерешен натпревар остана на последното место во Групата А пред реваншот со ПИК Сегед на гостински терен на 18 февруари.