Connect with us

Тајмаут

Пике им ја претстави новата девојка на родителите и децата, бесната Шакира веднаш направи радикален потег

Пред неколку дена беше откриен идентитетот на девојката со која Жерар Пике ја изневеруваше Шакира.

 

Со месеци се шпекулира како изгледа девојката со која Пике ја изневери Шакира, поради што славниот пар раскина по 12 години врска.

 

Во изминатиот период беа објавени голем број детали, но дури сега во јавноста се појави првата фотографија од новата девојка на ѕвездата на Барселона.

Станува збор за 23-годишната студентка Клара Чиа Марта, која го запознала Пике во кафуле каде работела како келнерка.

 

Пике набрзо ја вработил новата девојка во неговата продукциска куќа Космос, каде што и денес е вработена. Нејзините задачи се да организира настани.

Стоперот на Барселона со месеци ја криеше својата романса со Клара, се гледаа многу пати, а на крајот Шакира дозна се и го остави фудбалерот со кој има две деца (Милан и Саша).

 

Според Ла Разон, врската на Клара со Пике не е минлива и двајцата имаат сериозни намери. Во овој поглед, фудбалерот веќе им ја претставил својата нова девојка на нејзините родители.

 

Пике ја запозна жената со двете момчиња кои ги има со Шакира, Саша (7 години) и Милан (9 години), што навистина и пречеше на славната пејачка, која реши да направи интересен потег.

 

“Шакира живее во куќа која од куќата на родителите на Пике е одвоена само со базен. Затоа Шакира сака да изгради ѕид за да не може да ги види ниту нив, ниту Клара”, рекол извор за шпанскиот магазин.

Како што пренесува Marca, Шакира повеќе не ја гледа својата смисла во Каталонија, особено што поседува импозантна вила во Мајами, вредна 16 милиони евра. Така, таа треба да се пресели во САД во блиска иднина.

 

Шакира неколку пати сакала да ја продаде вилата, но не ја добила потребната сума, па таа останала во нејзина сопственост. Имотот се наоѓа во близина на плажата во Мајами и некогаш бил изнајмен за 45.000 евра месечно.

 

Вилата е изградена во 1951 година, а пејачката ја купила пред 21 година за само три милиони долари. Вкупната површина е 2.000 квадратни метри, а имотот има шест спални соби, седум бањи, фитнес сала, конференциска сала, сала за билијард, гаража, тераса, базен со спа центар, бар и пристап до океанот.