Connect with us

Тајмаут

Пике ќе купува фудбалски клуб

Централниот дефанзивец на Барселона, Џерард Пике, има намера да ја зголеми својата спортска империја. Откако веќе ја поседува компанијата „Космос Инвестмент“, шпанскиот репрезентативец сега ги откри своите амбиции да купи фудбалски тим.

Триесет и едно-годишниот играч се уште е далеку од крајот на неговата спортска кариера, но очигледно гледа кон иднината по неговото пензионирање.

– Јас работам на два проекти. Еден вклучува купување фудбалски клуб. За жал, не можам да споделам повеќе во однос на тоа. Мојот друг проект е за создавање нов фудбалски турнир или користење на веќе постоечки. И не можам да зборувам многу за ова, но двата проекти се многу добри, изјави дефанзивецот на Барселона за француски „Екип“.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Тајмаут

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com