Фудбал
Пикси: Митровиќ е права копија на Дарко Панчев!
Србија синоќа го победи Луксембург со 4-1, а Александар Митровиќ постигна два гола. Српскиот напаѓач веќе дојде до бројка од седум голови во овие квалификакции.
Митровиќ продолжи да ги полни противничките мрежи и дојде до бројката од седум постигнати гола во квалификациите за Светското првенство (СП) кое во 2022 година ќе се игра во Катар.
„Не знам што се случува со него, ама очигледно му одговарам како тренер, а веројатно би му одговарал и како соиграч, така ќе даваше повеќе голови. Има голема самодоверба, не е себичен играч. Во мое време таков беше Дарко Панчев. Тој беше расен голгетер и во Александар гледам негова копија. Страшен е во шеснаесетникот, немилосрден, тоа се карактеристики за таков играч“, изјави Пикси.
Пикси е полн со пофалби за Митровиќ, го спореди со Панчев со кој заедно играше во Црвена звезда.