Пиоли: Ибра е голем играч, но не сме одлучиле да го ангажираме во јануари

Во изминатите неколку дена, голем број светски медиуми објавија дека Златан Ибрахимовиќ во јануари ќе се врати во Милан. Договорот со ЛА Галакси му истекува во декември, па Швеѓанецот наводно се согласил во вториот дел од сезоната во Серие А, да го носи дресот на Милан.

Сепак, тренерот на „Росонерите“ Стефано Пиоли, вели друго нешто.

-текстот продолжува по рекламата-

-Ибрахимовиќ е голем и одличен играч, но ние не сме донеле одлука да го ангажираме во јануари, вели Пиоли и притоа додава:

-Без разлика на моменталната позиција на табелата, јас им верувам на моите играчи.

Вечерва Милан му гостува на Јувентус.