Фудбал
Пиоли подготвува револуција, еве што ќе прави Милан во јануари
По седум кола и девет бодови, отказ на клупата на Милан заработи Марко Џампаоло. Го наследи Стефано Пиоли, кој на дебито одигра 2:2 против Лече, додека во следното коло доживеа пораз од Рома од 2:1.
Според италијанските медиуми, Пиоли одлучил да направи коренити промени. Милан во продолжението на сезоната ќе игра во друга формација.
Веќе на дуелот со Спал, кој на програмата е вечерва, на позицијата десен бек ќе игра Лео Дуарте, иако првенствено е стопер. Ова, според медиумите, е знак дека Пиоли полека, но сигурно преминува на формација со тројца дефанзивци во последна линија.
Во моментов Милан располага со четири стопери, ако се смета и младиот Габи (Ромањоли, Мусачио, Дуарте). Поради тоа јасно е дека во јануари ќе биде потребен нов.
Но, идејата на Пиоли е на Тео Ернандез да му даде малку поофанзивна улога по левата бочна страна, бидејќи сака формација со тројца стопери и двајца “win back” играчи на „крилата“.
Што се однесува до десниот бек Андреа Конти, тој практично е отпишан.