Фудбал
Пиоли заплака: Топката не сакаше да влезе!
Тренерот на Милан – Стефано Пиоли го прокоментира ремито на „росонерите“ 0:0 против Емполи во натпревар од италијанскиот шампионат.
„Секако дека не е резултатот што го посакувавме. Повеќе ни е жал за првото полувреме, каде можевме да го дадеме максимумот. Воопшто не му дозволивме на Емполи да направи ништо и по паузата направивме се што ни требаше за да победиме. Топката не сакаше да влезе во мрежата. Штета е, но сега тимот е во добра форма. Резултатот е негативен, но не и играта“, изјави Пиоли за медиумите во Италија.
Милан е на третото место во Серија А со 52 бода.