Connect with us

Кошарка

Пипен го предаде Џордан, „Леброн Џејмс е пред Мајкл Џордан“

Легендарниот соиграч на Мајкл Џордан, Скоти Пипен, го предаде својот пријател со тоа што изјави дека Џејмс е веројатно пред Џордан.

Бројките за најдобар кошаркар не лажат. И Леброн и Џордан се речиси на исто ниво. Можеби Џејмс никогаш нема да го стигне Џордан кога во прашање се МВП титулите, но околу статистиката е тука некаде. Кога ќе ги погледнете сите категории, ќе сфатите дека Леброн не е само добар стрелец, туку и одличен асистент, скокач…тој веројатно е пред Џордан, истакна Пипен.

Џордан во своите 15 НБА сезони (13 во Чикаги и две во дресот на Вашингтон) во просек бележеше по 30.1 поен, 6.2 скока, 5.3 асистенции, 2.3 украдени топки и 0.8 блокади по натрпевар. Од друга страна, пак, Џејмс ја игра својата 15 НБА сезона, а во досегашната кариера бележеше по 27.2 поени, 7.3 скока, 7.1 асистенција, 1.6 украдени топки и 0.8 блокади по натпртевар.