Connect with us

Фудбал

По 12 години нова средба, Милевски сака деби победа во Исланд

Македонија во квалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2022 година во Катар се соочува со првото септемвриско гостување, кај Исланѓаните, кои пред некоја година беа фудбалски хит ширум Европа поради пласманот на ЕП и СП.

Исланд има три бода, а единствен триумф досега имаат против Лихтенштајн од 4-1 во март годинава и таа победа е единствена во деветте официјални пресметки од октомври лани во кои осум им се порази.

„Имаме неколку фудбалери кои сѐ уште се исцрпени од мечот со Романците, тројца не тренираа превентино и ништо страшно не е со нив, така да конкурираат за мечот. Јас сум оптимист за утрешниот меч, а Македонија е во слична положба како нас, така да ние работиме од меч во ме да бидеме подобри. Имаме многу добар тим, но работиме на тоа тимот да е добар не само сега, туку и за една година, за две години. Сѐ уште го градиме овој тим, а утре очекувам сличен меч како со Романија“, вели Видарсон.

За Македонија и Исланд ова ќе биде прва меѓусебна средба по дванаесет години. Последен пат двете селекции играа во 2009 година во рамки на мундијалските квалификации. Во Скопје победи Македонија со головите на Ацо Стојков и Филип Ивановски (2-0), додека во Рејкјавик се доживеа минимален пораз (0-1).