Connect with us

Фудбал

По барање на претседателот на Палермо, Несторовски нема да игра против Норвешка на 11 ноември

Фудбалската федерација на Македонија и селекторот Игор Ангеловски одлучија да му излезат во пресрет на Палермо и да го ослободат Илија Несторовски за претстојниот пријателски натпревар со Норвешка.

Причината е молбата на претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини, напаѓачот да остане во клубот во пресрет на неколку важни средби кои можат да одлучат за враќањето на клубот во Серија А.

Македонската фудбалска репрезентација на 11 ноември ја пречекува Норвешка на последната средба за оваа година.