Connect with us

Ракомет

По Данска, Шпанија обезбеди полуфинале, голманот Коралес со сто раце (ВИДЕО)

Селекцијата на Шпанија е вториот полуфиналист, по Данска. Попладнево Шпанија славеше над Полска со 28:27.Херој на „фуријата“ е голманот Родриго Коралес кој во последниот напад на Полјаците одбрани два зицери.

Со тоа „црвената фурија“ стигна до 8 освоени бодови, па мирно ќе ја следи вечерашната скандинавска пресметка меѓу Шведска и Норвешка кои во директен дуел ќе решаваат која репрезентација ќе и се приклучи на шпанската во полуфиналето.

Утре на програмата се натпреварите од последното коло во групата 1 од која Данска е веќе полуфиналист, а за втората позиција покрај Франција шанси има и репрезентацијата на Исланд.