Фудбал
По конфликтот со Меси и Роналдо, проблематичниот Саудиец го малтретираше и Сон (ВИДЕО)
Проблематичниот саудиски стопер Али Ал Булајхи повторно се најде во центарот на вниманието поради инцидентите на теренот, а овој пат негова „жртва“ беше Хеунг-мин Сон. Вчера Саудиска Арабија и Јужна Кореја се сретнаа во осминафиналето на Азискиот куп, а за време на средбата 34-годишниот Ал Булајхи во неколку наврати влегуваше во вербален конфликт со Сон, но во еден момент претера и реши физички да го нападне јужнокорејскиот капитен.
이새끼는 진짜 징계 먹여야하는 거 아님?
머리채를 잡는데? pic.twitter.com/kIrcGSZXoV— 𝙁𝙚𝙡𝙞𝙯. (@Feliz_219) January 30, 2024
Ал-Булајхи прво го оттурна Сон без причина, кој остана зачуден и само се смееше, а тоа дополнително го иритираше Ал-Булајхи, кој потоа го фати за коса фудбалерот на Тотенхем. Она што е особено интересно е дека узбекистанскиот судија Илгиз Танташев не го ни санкционираше Ал Булајхи со жолт картон поради ова недолично однесување.
Ова не е првпат Ал Булајхи непотребно да им прави проблеми на големите фудбалски ѕвезди. На Мундијалот за време на натпреварот против Аргентина се судри со Лионел Меси, додека неодамна во саудиската лига на дуелот меѓу неговиот Ал-Хилал и Ал-Наср имаше конфликт со Кристијано Роналдо. Инаку, Јужна Кореја по изведувањето на пенали ја елиминира Саудиска Арабија со резултат 4:2 и во четвртфиналето ќе игра против Австралија на 2 февруари.