Connect with us

Ракомет

По мечот со Данска, ракометарите директно на аеродром и со чартер лет, назад во Скопје

Без резултатски императив, против најсилните во групата, вечерва Македонија го игра последниот меч на ЕП. По двата порази, од Словенија и Црна Гора, стана јасно дека Данска е пресилен противник за нас, па овој меч и со евентуална победа ништо нема да значи за нашата селекција.

Па поради тоа, според информациите од Дебрецин, веднаш по мечот, околу 1 часот по полноќ ракометарите со чартер лет ќе се вратат во Скопје.