Connect with us

Ракомет

По натпреварот Лазаров заврши на допинг тест

По завршувањето на натпреварот и изјавите за медиумите, Кирил Лазаров бил повикан да му направат допинг тест.

Неговата активност на денешниот натпреварот била сумлива за дел од организаторите, па најверојатно и противниците го барале тоа.

Се уште нема резултати од овој тест. Вакви контроли се вообичаена работа за вакви големи настани.

Лазаров по натпреварот изјави:

„Ова е навистина светско чудо. Пресреќен сум и задоволен од оваа победа. Навистина сум горд на себе што го направив вистинскиот избор во мојата кариера, што го одбрав Нант по Барселона. Знаеме кој е ПСЖ, таму играат најплатените ракометари на светот, но ова е спорт и ние направивме сензација. Во соблекувалната плачеа речиси сите мои колеги, а јас бев спокоен и им кажав дека утре нѐ чека она вистинското, големото финале, каде искрено го очекувам Вардар. Нека биде македонско финале“, изјави Лазаров.