Connect with us

Тајмаут

По натпреварот се сруши хеликоптерот на газдата на Лестер Сити

Хеликоптерот на газдата на Лестер Сити вечерва по натпреварот се срушил веднаш по полетувањето.

Лестер вечерва играше против Вест Хем во рамки на Премиер лигата, а по завршување на натпреварот со резултат од 1:1, милјардерот полетал од стадионот со неговиот хеликоптер, кој по полетувањето се срушил и експлодирал.

Паркинот се наоѓа на 200 метри од стадионот и служел за паркинг на вработените на стадионот.

Тајландскиот милјардер секој натпревар доаѓа со хеликоптер, а Форб неговото богатство го проценува на 4,6 милиони евра.