Други спортови
По оној со Ѓоковиќ, уште еден скандал во Рим-Навивачите го навредуваа тенисерот и неговата свршеница, ќерка на легендарниот фудбалер (ВИДЕО)
Вчерашниот ден на Мастерсот во Рим беше многу бурен, а освен што Новак Ѓоковиќ го удрија со шише во глава, го одбележа и конфликтот меѓу американскиот тенисер Себастијан Корда (АТП:27) и домашната публика. Имено, Корда играше против италијанскиот противник Флави Коболи, а очекувано локалните навивачи навиваа за нивниот претставник. Но, во сето ова претераа и се однесуваа кон Корда со огромно непочитување, пренесувајќи лични коментари за него и неговата девојка Ивана Недвед во текот на целиот натпревар. Сето тоа траеше два и пол часа, а откако победи со 2:1 во сетови, Корда на крајот од мечот дуваше со бакнежи со навивачите, што дополнително ги налути.
Shoutout to the fans behind me for talking inappropriately about my girlfriend, family and team for 2.5hrs. Thank you for the extra motivation 🙏💪
Still love yall🇮🇹❤️ https://t.co/sJxT2KmsT1
— Sebastian Korda (@SebiKorda) May 10, 2024
-Ова го посветувам на фановите зад мене кои два и пол часа зборуваа недолично за мојата девојка, семејството и тимот. Ви благодарам за дополнителната мотивација“, напиша Корда.
Инаку, Ивана Недвед е ќерка на легендарниот чешки фудбалер Павел Недвед, кој настапуваше за Лацио и Јувентус, додека Цобили е навивач на Рома, за која играше уште како млад, што може да биде една од причините за конфликт. Откако го совлада Цоболи, Корда извика и „Форца Јуве!“.