Connect with us

Фудбал

По втор пат вечерва ВАР технологијата во Скопје на натпреварот Македонија-Ерменија

На вечерашниот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Ерменија по втор пат се воведува и ВАР технологијата на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Ова доаѓа по барање на ФИФА и УЕФА кои уште во текот на летото најавија дека повеќе нема да чекаат и дека ВАР технологијата ќе се воведи уште оваа есен за време на квалификациите за Светско првенство.

Поради вонредните мерки поради коронавирусот, воведувањето на ВАР беше одложено за некој период. Последните анализи на УЕФА, во согласност со ФИФА, покажале итна потреба од ВАР веќе од четвртото коло од квалификациите. Оваа одлука се донесе пред се поради судискиот превид на натпреварот во Белград, кога Кристијано Роналдо даде гол за Португалија, ама не му беше признат со образложение дека топката не ја минала линијата.

По вечерашниот натпревар, следи домашен дуел со Романија, а во октомври и ноември во Скопје ќе гостуваат Германија и Исланд.