Други спортови
Победа во два сета за Венус против тенисерката број еден Мугуруза
Венус Вилијамс е третата тенисерка која обезбеди пласман во полуфиналето на „ВТА шампионатот“ што се игра во Сингапур за награден фонд од 7 милиони долари.
Американката во дикетен дуел со Гарбине Мугуруза од Шпанија забележа победа во два сета со што го освои второто место во „белата група“.
Во првиот сет се водеше голема борба во која Мугуруза прва направи „бреј“ за за водство од 4-3, но Вилијамс веднаш возврати со „ри-брејќ“ израмнувајќи на 4-4. Американката повторно го освои сервисот на противничката во тринаесетиот гем, па со 7-6 во гемови го доби првиот сет.
Во вториот. Сервисот речиси и да не беше предност, па во овој сет беа направени дури осум „брејка“, а еден повеќе имаше Вилијамс која на крајот го доби сето со 6-4, за конечни 2:0 во сетови.
Со оваа победа Венус го освои второто место во групата, зад Каролина Плишкова која во првиот меч од денешната програма загуби во два сета со 6-3 и 6-1 од Летонката, Јелена Остапенко.
Кои ќе бодат полуфиналните двојки ќе биде познато утре кога на програмата се мечевите од последното 3.коло во „црвената група“ од која Каролине Возниацки од Данска веќе има зборено пласман во полуфиналето, а за кое шанси имаат Украинката, Елина Свитолина и Каролине Гарсија од Франција.
Двoјќите за утре се, Возниацки – Гарсија и Халеп – Свитолина.