Connect with us

Ракомет

ПОБЕДААААА! Македонија убедливо славеше против Романија

Македонската ракометна репрезентација славеше убедливо против Романија со 30:22 во првиот меч од полуфиналната пресметка од баражот за пласман на СП. Филип Талески беше разигран, ги “торпедираше” Романците со 10 погодоци што беше најефикасен на мечот. Одличен меч и за Кире Лазаров кој запиша 7, а исто толку имаше и Кузмановски. Реваншот в сабота, а победникот од овој двомеч во април ќе игра против Чешка два меча за пласман на СП.