Фудбал
Победата над Барселона Ливерпул ја чинеше 5 милиони евра?!
Иако насловот малку нелогичен, како со победа да се изгубат пари? Но, математиката покажува други резултати.
Откако англискиот клуб Ливерпул ја елиминираше Барса со 4-о на „Енфилд роуд“, пласманот во финалето црвените ги чини загуба од пет милиони евра.
Причина е Фелипе Кутињо. Бразилскиот репрезентативец ланската зима мина во Барселона за 150 милиони евра и во клаузулата од договорот стои дека Ливерпул ќе добие бонус плус ако Каталонците стигнат до европската круна.