Connect with us

Кошарка

Победи за домашните екипи на првите три средби од 15. коло во кошаркарското првенство

Во Првата македонска кошаркарска лига викендов на распоредот се натпреварите од 15. коло. На трите досега завршени дуели се радуваа екипите домаќини.

Резултати:
Гостивар – МЗТ Скопје Уни Банка 89:69 (вчера)
Пелистер – Вардар 96:81 (денес)
Куманово – Кожув 79:67 (денес).

Утре играат:
Академија ФМП – МЗТ Скопје Аеродром
Работнички – Еуро Никел.

Пред комплетирање на 15.коло на табелата води Гостивар со 26 бода, пред МЗТ Скопје Аеродром со 25, Кожув, Работнички и Еуро Никел имаат по 24.