Фудбал
Почетино откри зошто го замени, ама медиумите не му простуваат на бледиот Меси
Синоќа лидерот на табелата со пресврт во второто полувреме го совлада актуелниот шампион Лил со 2-1, но Меси мораше да го напушти теренот уште на полувреме, кога ПСЖ имаше негатива.
Пресвртот на „светците“ во вториот дел го направија Маркињос и Анхел Ди Марија на асистенција на Нејмар.
„Меси се здоби со мала повреда повреда и моравме да реагираме. Разговаравме со докторот и се договоривме дека е подобро Лео да не игра во второто полувреме, да биде ставен под мерка на претпазливост. Не можеше да продолжи, но тоа не е голем проблем. Ќе биде подготвен за следниот натпревар“, изјави Маурисио Покетино по натпреварот.
Меси беше заменет во моментот кога Лил водеше со 1-0, а потоа, во самиот финиш ПСЖ успеа да направи пресврт и да победи со 2-1.