Ракомет
Почина еден од најдобрите ракометари на златната генерација на југословенскиот ракомет!
Голем број светски медиуми известија за смртта на поранешниот југословенски ракометар и еден од најдобрите ракометари на златната генерација на југословенскиот ракомет Златко Портнер.
Почина ненадејно на 59-годишна возраст и беше член на златната генерација на југословенскиот ракомет.
Портнер и неговите соиграчи го освоија Европскиот куп против Атлетико Мадрид во 1985 година, а една година подоцна го повторија тој успех.
Токму таа генерација го освоија Светското првенство во ракомет во 1986 година, а на Олимписките игри во 1988 година освоија бронза.
Портнер играше на позицијата десен бек, а освен што го носеше дресот на Барселона три години, играше и во Франција и Швајцарија.