Connect with us

Тајмаут

Почина Горан Буњевчевиќ во 46 година од животот

Некогашниот фудбалер на Црвена Звезда и репрезентацијата на Србија и Црна Гора, Горан Буњевчевиќ почина вечерва во 46. година од животот.

Поранешниот стопер и капитен на белградскиот тим минатиот месец имаше излив на крвта во мозокот поради што беше итно опериран. По хируршкиот зафат лекарите се бореа за неговиот живот, долго време беше на интензивна нега, но ја загуби тешката битка.

Како што објавија српските медиуми, пред смрта му пукнала синусната анеуризма и му немало спас.

Буњевчевиќ беше играч на Црвена Звезда од 1997 до 2001 година, за овој тим одигра 125 натпревари, а настапуваше уште за Тотенхем, Ден Хаг, Рад итн. Смртта го затекна на функцијата спортски директор на Фудбалскиот сојуз на Србија.