Фудбал
Почина „кралот на хемијата“, човекот кој го однесе Сасуоло во Европа
Италијанскиот бизнисмен, Џорџо Сквинци прв човек на компанијата Мапеи, познат и како „кралот на хемијата“ почина синоќа. Тој е роден во близина на Бергамо, со својот татко пред 50 година ја основал компанијата, а за него е врзан успехот на Сасуоло и Модена.
Пред неколку години Берлускони ја одби неговата понуда од 400 милиони евра да го преземе Милан, па Скенци по ова одлучи да вложува во Сасуоло.
Имаше 76 години, зад себе остави две деца, а сопственик на Сасуоло беше од 2002 година.