Connect with us

Ракомет

Почина легендата на хрватскиот ракомет

Хрватскиот ракометен тренер Златко Сарачевиќ почина на 60-годишна возраст. Според порталот Индекс, Сарачевиќ починал како резултат на срцев удар.

Му се слоши по дербито меѓу Подравка, чии ракометари ги водеше и Локомотива во Копривница, поради што заврши во болница.

Сарачевиќ е поранешен ракометар, тој го изгради своето име во големата Југославија во 80-тите.

Тој беше двапати шампион на Франција, и трипати најдобар стрелец на таа земја.

Тој играше за Загреб кога двапати беше прв стрелец на Лигата на шампионите, а потоа за Веспрем и Замет.