Фудбал
Почина легендата на Реал Мадрид
Почина една од најголемите легенди на Реал Мадрид. Почесниот претседател на кралскиот клуб Франциско Хенто почина на 88-годишна возраст.
Тој е еден од најпознатите икони фудбалери во историјата на шпанските гиганти и е единствениот фудбалер во светот кој освоил 6 Купа на европски шампиони.
Хенто беше дел од тимот на Реал Мадрид од 1953 до 1971 година. Покрај шесте КЕШ, за неговите 18 сезони на Сантијаго Бернабеу освои и 12 шампионски титули, два шпански купа, еден интерконтинентален куп и една светска титула.
Хенто има 600 натпревари со белиот дрес, на кои постигнал 182 гола. За репрезентацијата на Шпанија има 43 натпревари.