Connect with us

Фудбал

Почина поранешен светски шампион, имаше само 29 години!

Крунисаниот светски шампион во скок со стап во 2015 година, Канаѓанецот Шон Барбер почина на 29-годишна возраст поради медицински компликации. Канаѓанецот починал во својот дом во Кингвуд, Тексас по медицински компликации, а за сега не се објавени дополнителни детали за околностите на неговата смрт.

„Покрај тоа што беше неверојатен спортист, Шон беше и љубезна личност која секогаш ги ставаше другите пред себе“, изјави неговиот агент Пол Дојл, додавајќи:

„Да се ​​изгуби толку добар човек на толку млада возраст е трагично.

Во 2015 година, Барбер ги победи Германците Рафаел Холздепе и Рено Лавиление и ја освои светската титула со скок од 5,90 метри. Барбер потоа успеа да стигне до финалето на Олимписките игри 2016 во Рио, но без да освои медал. Неговиот рекорд на отворено беше 5,93 метри, постигнат во 2015 година, а тој скокна 6 метри во 2016 година во затворен простор.