Connect with us

Ракомет

Почина ракометната легенда на Борец, Петре Тутарков

Ракометната легенда на Борец, Петре Тутарков почина на 65-годишна возраст.

Поранешниот ракометар кој настапуваше на позицијата кружен напаѓач, беше дел и од репрезентацијата на Македонија. Настапувајќи за Борец, Тутарков се прослави и стана еден од најдобрите на својата позиција. Покрај велешкиот клуб, настапуваше и за Работнички и Тутунски комбинат од Прилеп.

Во дресот на Борев играше во текот на 70-тите години од минатиот век. Тутарков беше миленик на навивачите, а по играчката кариера остана во ракометот во Велес. Тој беше носител на функции во клубот, откако остана дел од раководството. Исто така, Тутарков беше и тренер на млади ракометари, со што помогна да се развијат многу велешки играчи.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама