Connect with us

Фудбал

Почина славниот тренер, со него Аргентина за прв пат го освои Светското првенство

Во 86. година од живот почина Цезар Луис Меноти, поранешен аргентински фудбалер, а подоцна уште попознат врвен тренер и селектор на голем број клубови и репрезентации.

Меноти помина голем дел од својата играчка кариера во родната Аргентина и ги носеше дресовите на Росарио Централ, Расинг и Бока Јуниорс. Во текот на 1968 година настапуваше и за бразилски Сантос и му беше соиграч на легендарниот Пеле.
Две години подоцна ја заврши фудбалската кариера и веднаш почна да се занимава со тренерска работа, во која остави многу подлабока трага. Најдобро ќе остане запаметен како селектор на Аргентина, која ја предводеше до првата светска шампионска титула во 1978 година.

Меноти беше селектор на Аргентина од 1974 до 1983 година, а неговата последна работа беше поврзана со аргентинската репрезентација каде беше директор. Покрај Аргентина, раководеше и со Мексико, а успешно работеше и како клупски тренер предводејќи ги Барселона, Атлетико Мадрид, Сампдорија, Бока Јуниорс и многу други клубови.