Ракомет
Почина тренерот кој доминираше една деценија во Европа
Тажна вест за европскиот, но и светски ракомет. Почина легендарниот селектор Бегнгт Јохансон, на 79-годишна возраст. Според информациите, Јохансон боледувал од Паркинсонова болест.
Со шведската репрезентација во периодот од 1988 до 2004 година, направи многу во домашниот и светскиот ракомет.
Во негово време Швеѓаните станаа најсилната светска ракометна сила со генерацијата Висландер, Олсон, Свенсон, Левгрен, Врањеш…
Познатите „Бенга Бојс“ освоија два светски и четири европски златни медали, додека на олимписките турнири трипати освоија сребро.