Фудбал
Почина украинскиот фудбалер чиј гол против Барселона го обиколи светот
На 50-годишна возраст почина Павло Схапенко, поранешен репрезентативец на Украина и шесткратен шампион на оваа земја со тимот на Динамо Киев.
Овој офанзивен играч за врска беше, заедно со легендарниот Андриј Шевченко, член на најуспешната генерација во историјата на Динамо, кој шест пати по ред го освојуваше шампионатот, од 1993 до 1997 година.
За Динамо одигра 121 натпревар со 33 гола, а во кариерата играше за Торпедо од Москва, ЦСКА од Киев, Том од Томск, како и Кубањ од Краснодар, каде ја заврши кариерата во 2004 година.
Ќе остане запаметен и по голот што го постигна против Барселона на 15 септември 1993 година:
#ChampionsLeague Розпочався перший тайм…
Гоол забив… Павло… Павло Шкапенко!
Браво! І це тільки початок матчу. 👏👏👏Республіканський стадіон, 1/16 финалу Ліги Чемпіонів, перший матч, 71 000 глядачів,
Динамо Київ – Барселона, 15.09.1993 pic.twitter.com/dwu27h0Ez6— dynamo_ontour (@DynamoOntour) April 17, 2023
За Украина одигра десет натпревари.
Причината за смртта не беше објавена.
Помер легендарний вихованець запорізького футболу, який забивав "Барселоні" 🙏🏻
У віці 50 років помер ексгравець "Металурга" та збірної України Павло Шкапенко. Причина смерті не розкривається. pic.twitter.com/0FMkv9BnFJ
— МФК Металург Запоріжжя (@MFCMetalurg) April 17, 2023