Connect with us

Кошарка

Почнаа подготовките за македонската кошаркарска репрезентација

Македонската кошаркарска репрезентација денеска го имаше првиот собир во пресрет на последниот натпревар во рамки на првата фаза од претквалификацискиот циклус за Евробаскет 2021.

На повикот на селекторот не одговорија тројца повикани кошаркари поради повреда, а Александар Костоски подоцна ќе им се приклучи на подготовките.

Меѓу присутните беше и македонскиот натурализиран кошаркар Шејн Витингтон кој ќе ја пополни празнината во рекетот на местото на Ричард Хендрикс.

– Имав малку време да се запознам со тимот. Возбуден сум што сум во Македонија. Со нетрпение го чекам новиот предизвик и првиот натпревар, се надевам дека ова ќе биде едно убаво искуство. Сите сме професионалци, се надевам дека ќе се екипираме добро. Македонија изгледа добро, се надевам дека ќе се вклопам во тимот. Ја разгледував и македонската кошарка во изминатиот период, Кајл Курич, со кого играв во минатото ми кажа нешто за неа. Ми кажа дека е добра и натпреварувачка и возбуден сум што сум дел од неа, изјави новиот „американски“ Македонец.

Македонија во последниот натпревар во оваа прва фаза на 28 јуни, на гостински терен игра со Швајцарија.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Кошарка

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com