SPORTM.mk
Подобро да не вклучуваат интернет: Марсеј ги „уништи“ навивачите на ПСЖ
Одмаздата се служи ладна. Нешто такво синоќа го поздрави Марсеј, кој го победи ПСЖ на гости со минимални 0:1 по десет години гостување.
Ноќта од сабота кон недела, на улиците на Париз се појавија неколку навредливи транспаренти на сметка на клубот од Азурниот брег и нивната прва sвезда Димитри Паје.
Транспарентите беа обесени од ултрасите на ПСЖ. Едниот беше поставен пред Ајфеловата кула во која е нагласена супериорноста на ПСЖ над Марсеј, а другиот пред „Паркот на принцовите“.
Марсеј дојде до победата. Тие напаравија транспарент пред Ајфеловата кула со кој ги исмеваат парижаните и ПСЖ.
„ПСЖ – ОМ не му припаѓа на главниот град, туку на Марсеј, бебе“, рекоа од Марсеј, опишувајќи ја објавата како „Карма“.
????? ? #PSGOM pic.twitter.com/pdRqO5i0Cc
— Olympique de Marseille (@OM_Officiel) September 13, 2020
Истиот слоган во најавите го користеа неколку играчи на Марсеј, вклучувајќи ги Бубакар, Максим Лопетаз и Џордан Амави.